14.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Фајзер“ најавува поскапување на вакцините

Европската унија постигна договор со американскиот производител на вакцината „Фајзер“ за зголемување на испораката за европскиот пазар и дека контингентот од 10 милиони дози, првично планиран за втората половина на годината, ќе биде доставени во следниот квартал.

Според италијански „Фанпејџ“, производителот може да ја зголеми цената на вакцината, кој веќе е меѓу најскапите на пазарот, а за една доза се плаќаат 15,5 евра.

Директорите на американскиот фармацевтски колос објавија дека цената на вакцината ќе се зголеми во следната фаза, кога вирусот повеќе нема да се шири пандемиски, туку ендемски, односно ограничен на одредени области.

Весникот потсетува на неодамнешните изјави на еден од директорите на компанијата, Франк Д’Амелија, кој рече дека вакцинацијата можеби ќе треба да се обновува секоја година, и дека во тој случај, откако ќе помине вонредната ситуација, компанијата може да ја прилагоди цената на вакцината според побарувачката на пазарот.

Поврзани вести

Хрватска фабрика за шеќер затвора врати по 114 ГОДИНИ работа

Влатко Зорба

JPMorgan продаде рекордни 13 милијарди долари во обврзници

Влатко Зорба

Брилијантни резултати на Apple, дивидендата се зголеми