СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За три милијарди долари продаден дел од „Газпром“

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соoпшти дека заработил речиси три милијади долари од продажбата на 3,6 отсто од сопственичкиот удел на купувач чиј идентитет не се кажува.
Светските агеници пренесуваат дека акциите се продадени преку филијалата на „Газпром“, со попуст од 11 отсто во однос на цената на затворањето на берзата.
Уделот од 3,6 отсто го сочинуваат трезорските акции кои се продадени по цена од 220,76 рубљи по акција, што значи дека компанијата со продажбата остварила приход од 187,7 милиајрди рубљи, односно 2,95 милиајрди долари.

Поврзани вести

Лидл нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија

Ковачевски: Директните ефекти од пописот се значајни за бизнисот да ги планира своите инвестиции

Влатко Зорба

ЈП Водовод и канализација: Без провизија, наплатата на фактурите да се врши по електронски пат