СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Twitter ќе брише „мрзливи“ корисници

Популарната социјална мрежа Twitter одлучи да се ослободи од „мрзливите“ корисници. Во моментов тече процес на идентификување и алармирање на корисниците со неактивни сметки во мрежата.

Компанијата испрати е-пошта до корисниците, поканувајќи ги да се вратат на Twitter до 11 декември. Тоа се корисници кои повеќе од шест месеци не биле активни. Мрежата ги известува дека нивните сметки можат трајно да бидат избришани заради продолжена неактивност.

„Во отсуство на акција на корисникот, соодветната сметка ќе биде избришана“, соопшти Twitter. Социјалната мрежа не соопштува колку сметки може да се избришат како резултат на „расчистувањето“.

За да спречат бришење на нивните сметки, корисниците едноставно треба да се најават и да ги следат упатствата на екранот. Не треба да твитаат, туку само да ја посетат мрежата.

Во меѓувреме, се дозна дека хакерите користеле дупки во безбедноста на оперативниот систем „Android“ за да добијат пристап до податоците на огромен број корисници на Twitter и Facebook, објави Gizchina.

Поврзани вести

Хакери објавија информации за шпионскиот авион Bombardier Globaleye

Влатко Зорба

Инстаграм отстрани профил со 14 милиони следбеници поради измама

msp-admin

Fitbit лансираше паметна нараквица

Влатко Зорба