СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Sony сака да развие DSLR камери за паметни телефони

Sony гледа голема иднина во својата Image Sensing Innovative технологија, која со години нуди импресивни можности за мобилна фотографија. Компанијата се пофали дека нарачките за Multi-Camera и Large-Size модулите на производителите на смартфони ги надминале нивните очекувања. Sony го зголеми производството на вакви сензори за да одговараат на големата побарувачка. Јапонскиот производител работи и на нова генерација на камери кои нудат уште подобри карактеристики за снимање.

Главниот фокус на стратегијата на Sony е HDR видеото, можностите за снимање при слаба светлина и брзите системи за автофокус. Компанијата дури се обиде да понуди ист квалитет на своите камери, како на SLR-фотоапаратите. Плановите на Sony вклучуваат интеграција на големи модули и развој на нови камери ToF за мобилни уреди. Една од нивните идеи е поврзана со развојот на Fusing технологијата за подобрување на квалитетот на HDR +.

Оваа иновација ќе ја намали заматеноста на позадината и ќе помогне во фокусирање на предметите во преден план. Sony работи напорно на напредните верзии на системите за автоматско фокусирање HDR + и AF Pixel. Благодарение на нив, секој пиксел може брзо да се фокусира во ситуации со слаба осветленост. Јапонскиот производител исто така потврди дека 80% од приходите на Sony Semiconductor одделот на Sony ќе бидат генерирани од камерите за паметни телефони оваа финансиска година.

Поврзани вести

Google Search ја запира поддршката на содржината со Adobe Flash

msp-admin

Google ја укинува употребата на „колачиња“ и воведува FLoC: Еве што значи тоа

Влатко Зорба

Виртуелни дијаманти – чинат колку и реалните

Влатко Зорба