СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung работи на таблет со екран на преклопување

Првите паметни телефони со екран на преклопување сега се достапни на пазарот, а наскоро може да видиме и таблети со слична технологија. Ова е индицирано од апликациите за патенти на Samsung во EUIPO и WIPO за сличен вид на уред, кои беа откриени од LetsGoDigital. Од скиците гледаме модел кој се преклопува на два, а врз основа на нив од изданието направија доста интересни рендери.

Изгледа дека моделот нема надворешен екран кога е склопен, а преклопувањето ќе биде вертикално. Таблетот ќе има поголем екран од Galaxy Fold, кој е со ширина од 7,3 инчи во отворена состојба. Покрај тоа, аглите на таблетот се поостри од оние на „флексибилниот“ телефон, каде се заоблени.

Хардверските копчиња за контрола на јачината на звукот и вклучување се наоѓаат десно од куќиштето, а на дното има отвори за звучникот и порта за полнење и пренесување на информации. Во горната рамка ќе има и отвор за звучник. Треба да имате предвид дека не секогаш постоењето на патент е доказ дека компанијата ќе продава одреден производ.

Поврзани вести

Русија ќе го блокира Твитер ако мрежата не ја отстрани забранетата содржина

Влатко Зорба

Роботите на „Boston Dynamics“ со танц ја испратија 2020-та (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Microsoft на 13 април ќе започне со бришење на постарите верзии на Edge од Windows уредите

Влатко Зорба