СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бислимоски избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски едногласно е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок што се одржува во Атина.

Како што информираат од РКЕ, едногласниот избор на Бислимоски за оваа исклучително важна функција која ќе ја извршува во следните две години, претставува и признание за лидерската улога на Регулаторната комисија за енергетика во реформите во енергетскиот сектор во рамки на Енергетската заедница.

-Претседавањето со Одборот на регулатори на Енергетската заедница од страна на Бислимоски ќе овозможи уште повеќе да се зајакне улогата на Регулаторната комисија за енергетика како една од носечките институции во енергетските реформи во регионот, порачуваат од РКЕ

Поврзани вести

Бафет: Кук го нема дизајнерскиот гениј на Џобс, но има исклучително знаење

Влатко Зорба

ФИТР ќе ги објави резултатите од „Стартапувај 2″

„НЛБ Банка“: Остварен профит од 418,5 милиони денари, раст од 1,9 отсто во однос на периодот лани