Програмерите на популарниот веб прелистувач сега се подготвени со новата верзија. Mozilla Firefox 71 сега е достапна за корисниците и вклучува режим „Picture-In-Picture“. Ова е корисна карактеристика кога сакате да продолжите да гледате видео додека пребарувате на Интернет од други отворени јазичиња. За да ги искористите предностите, треба да го поставите курсорот на глувчето над сината икона „Picture-In-Picture“. Ова ќе стартува со лебдечки прозорец што ќе се појави врз веќе отворените јазичиња во Mozilla Firefox.
Важно е да се напомене дека моментално режимот „Picture-In-Picture“ може да го користат само уредите со Windows. Се разбира, тие мора да имаат инсталирано Mozilla Firefox 71. Сепак, компанијата потврди дека работат на интеграција за конкурентните оперативни системи. Mozilla планира да ја оптимизира функцијата за macOS компјутери и разни дистрибуции на Linux, почнувајќи од јануари 2020 година, пренесува Engadget, а новата верзија на Mozilla Firefox нуди уште неколку подобрувања.
Корисниците кои користат Firefox Lockwise со задоволство ќе дознаат дека прелистувачот веќе ги препознава поддомените. Ова значи дека Firefox 71 автоматски ќе ги пополнува податоците за најава место нив во внатрешните страници на сајтовите. Со кликнување на лентата за адреса ќе се вчита панел, вокој ќе видите список на сите блокирани „тракери“. Mozilla Firefox 71 ќе не извести, кога прелистувачот ќесопре софтвер за генерирање криптовалути. Тековните грешки во прелистувачот исто така се отстранети.