СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple останува без AirPods Pro пред празниците

Новите слушалки AirPods Pro, кои беа објавени во октомври и се карактеризираат со нов дизајн и нова технологија за потиснување на бучава, целосно се расподадени преку Интернет во САД пред празниците, пренесува CNBC.

Некои аналитичари го предвидоа ова и се чини дека Apple има нов производ што станува хит.

Во ноември, аналитичарот на Wedbush, Дан Ајвс изјави дека AirPods Pro е „очигледната sвезда на „Црниот петок“ и сезоната на празници“ и предвиде недостаток. Ајвс тогаш објасни дека очекува Apple да продаде 65 милиони AirPods во 2019 година и потенцијално 85 до 90 милиони единици во 2020 година (овие податоци вклучуваат и поевтин, „обичен“ модел на AirPods).

Продавниците на Apple останаа без слушалки во ноември кога CNBC забележа дека нарачките нема да пристигнат сè до Божиќ. Но, во исто време, AirPods Pro беше достапен и на Интернет во продавниците на неколку други трговци на мало, вклучувајќи ги Target, Walmart и Best Buy.

Сега, повеќето од овие трговци немаат никакви опции за испорака преку Интернет, а повеќето немаат залихи во продавниците. Постојат мал број на продавници кои можат да имаат особено ограничени количини за купување локално во САД.

Поврзани вести

Аналитичар: Акциите на Tesla сега се неразделно врзани со судбината на Bitcoin

Влатко Зорба

Гацов: Очекуваниот промет од 170 милиони евра од „Викенд без ДДВ“ е преоптимистички

msp-admin

Луфтханза ги обновува летовите до 20 дестинации

msp-admin