СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Американска компанија им плати на хакери откуп од 11 милиони долари: „Оваа одлука беше многу тешка“

Американската компанија за преработка на месо JBS USA мораше да плати откуп од 11 милиони долари како одговор на сајбер напад, пишува Си-Ен-Ен.

„Оваа одлука беше многу тешка за компанијата, но и лично. Сепак, сметавме дека оваа одлука треба да се донесе за да се спречи каков било потенцијален ризик за нашите клиенти“, рече Андре Ногеира, извршен директор на JBS USA.

Сајбер нападот влијаеше на серверите кои поддржуваат системи на JBS во Северна Америка и Австралија. Владата на САД го припиша нападот на групата REvil, за која се верува дека има седиште во Русија или друга источноевропска земја.

„Резултатите од прелиминарната истрага потврдуваат дека податоците за компанијата, клиентите или работниците не се загрозени“, се вели во соопштението на JBS USA.

JBS USA е дел од JBS Foods, една од најголемите светски компании за храна. Работи во 15 земји и има клиенти во околу 100 земји. Некои од брендовите на оваа компанија се Pilgrim’s, Great Southern и Aberdeen Black.

Поврзани вести

Дубаи го добива најголемото уметничко дело досега: Кула во форма на штипка се заканува да ги засени сите ривали

Влатко Зорба

„МојДДВ“ во вториот квартал: Кај граѓаните се враќаат 5 милиони евра

msp-admin

Јавен долг од над 12.000 милијарди долари: Која земја е најзадолжена во светот?

Влатко Зорба