СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Боинг“ во проблеми: Гигантот бара заем од 10 милијарди долари по несреќите, во кои настрадаа скоро 350 луѓе

Американскиот производител на авиони „Боинг“ преговара со банките да му позајмат 10 милијарди американски долари или повеќе заради високите трошоци по несреќите на авионите „737 макс“, соопшти анонимен извор.

„Боинг“ собрал најмалку 6 милијарди долари од банките досега.

Извор на „Си-Ен-Би-Си““ изјавил дека компанијата паралелно преговарала и со други заемодаватели за дополнителни суми.

Неименуван извор ги потврдил информациите за преговорите, додавајќи дека точната сума што „Боинг“ се обидува да ја добие се уште не е позната, или дали американскиот гигант ќе одлучи да продава новите обврзници.

„Боинг“ одби да ги коментира наводите.

Американската федерална управа за авијација (ФАА) веројатно нема да го одобри враќањето на авионите „737 макс“ пред март, додавајќи дека тие би можеле да останат на земја до април или дури и подолго.

Авионите беа приземјувани во март минатата година по две несреќи во кои загинаа вкупно 346 лица.

Поврзани вести

Имавте ли оваа година доход од закуп или капитална добивка?

msp-admin

Повеќе од 130 земји се согласија за глобална даночна реформа

msp-admin

Миризлив бизнис – од извоз на парфеми земјава заработи скоро два милиони долари

msp-admin