Ова е последната мерка за намалување на трошоците на националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати.
Во соопштението „Етихад“ наведува дека продава 38 авиони, од кои 22 се „Ербас А330“ и 16 „Боинг 777-300Р“, во рамките на договорот со инвестициската компанија „ККР“ и лизинг компанијата „Алтава ер Ер Франс“.
„Етихад“ во последните три години забележа загуби од пет милијарди долари.
Паралелно со продажбата на авионите, „Етихад“ ќе ја откаже или ќе ја намали поддршката на авио-компаниите во кои инвестирал, а меѓу нив се „Ер Берлин“, „Алиталиа“, „Ер Србија“, „Ер Сејшели“ и други.