СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google ја регистрираше трговската марка „Pigweed“ за нов оперативен систем

Google на своите корисници им нуди три оперативни системи – Android, Wear OS и Chrome OS. Веќе знаеме дека компанијата работи и на друга платформа наречена Fuchsia. Многумина очекуваат овој софтвер да претставува иднината на компанијата што планира да ги спои Android и Chrome OS.

Самиот проект се очекува да има долгорочно значење за Google и најверојатно нема да стане реалност во скоро време. Сега разбираме нови детали за плановите на технолошкиот гигант.

Google ја регистрираше трговската марка „Pigweed“ во Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO). Документацијата поврзана со патентирање на ова име открива дека компанијата сака да ја користи „Pigweed“ за „компјутерски оперативен софтвер“.

За жал нема повеќе детали за можностите на новата платформа.

Поврзани вести

Honor подготвува настан на 24 февруари на кој ќе претстави многу уреди

msp-admin

Познати деталите за Huawei Mate 40 Pro пред премиерата во четврток

msp-admin

Европа се обидува да ги забрза своите вложувања во водород, 5G и блокчејн

Stefanija Kuzmanovska