СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Пазарот паѓа, а iPhone бележи раст од 10%

Глобалната продажба на паметни телефони во 2020 година падна за 8,8 проценти во однос на претходната година до 1,24 милијарди долари, според „DigiTimes Research“ – тренд што најмногу се должи на пандемијата.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година продажбата паднала за повеќе од 20%, а само во четвртиот има зголемување во споредба со истиот период минатата година.

Samsung и Huawei објавија најголем пад на продажбата, а меѓу шесте најголеми производители, само Apple и Xiaomi успеаја да забележат пораст во однос на испораките.

Растот на Apple е импресивен – 10%, покажуваат податоците. Според Omdia, iPhone 11 бил најпродаван модел во 2020 година со вкупно 37,7 милиони продажби. Во 2019 година, лидер беше уште еден модел на гигантот – iPhone XR.

Продажбата на 5G паметни телефони достигнува помеѓу 280 и 300 милиони единици.

Поврзани вести

Diem – новото име на крипто валутата на Facebook

msp-admin

Интернет-инфраструктурата е под огромно оптоварување

msp-admin

Тинејџер одби да продаде платформа за следење информации за коронавирусот за 8 милиони долари

msp-admin