СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шанса за јакнење на извозниот потенцијал на малите и средните претпријатија од Западниот Балкан

За многу претпријатија од шесте земји на Западниот Балкан (WB6), извозот претставува еден од начините да го прошират своето работење. Со цел да се оствари подобар учинок, неопходна е добра подготовка за овој важен чекор за кој се потребни широк спектар вештини, па заради тоа компаниите често бараат поддршка од матичните стопански комори.

Проектот „Зголемување на извозниот потенцијал на малите и средни претпријатија во регионот Западен Балкан 6”, што во име на Владата на Сојузна Република Германија, Министерствоо за економска соработка и развој, го спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германскo друштво за интернаицонална соработка) – Отворен регионален фонд за надворешна трговија, се фокусира токму на оваа потреба на претпријатијата.

Преку блиска соработка на стопанските комори на земјите од регионот на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово*, Северна Македонија и Србија), членки на Коморскиот инвестициски форум на Западен балкан 6 (WB6 Chambers Investment Forum), развија две нови услуги за унапредување на извозот кои станаа дел од услугите на овие комори – едната е База на податоци на дистрибутери од регионот и од ЕУ, а другата овозможува пристап до алатката за анализа на меѓународниот пазар.

Базата на дистрибутери на локалните компании им дава информации за регионалните и европски дистрибутери, за трговците на големо и мало, увозниците и преработувачите, што во голема мера го олеснува трагањето по потенцијални партнери во регионот и во Европската унија. Стопанските комори сега располагаат со обединети информации кои можат да им понудат на заинтересираните компании да почнат или да ги подобрат своите извозни активности.

„Овој проект е одлична платформа за создавање синџир на вредности од секторот овошје и зеленчук и нивни преработки на подрачјето на Западен Балкан и Европската унија. Со оглед на тоа дека дистрибуцијата е еден важен дел од синџирот вредности на прехранбените производи, оваа услуга за доставувачите значи ефикасен пласман на стоките на пазарот, во добра состојба, соодветно запакувани и ставени на погодно место од кое потрошувачот може да го купи бараниот производ“, истакна Огненка Лаловиќ, директорка на секторот за стопанство во Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина.

На примерот на Србија може да се види дека пристап до базата на дистрибутери е овозможен за сите регионални комори на Стопанската комора на Србија.

„Услугата функционира на тој начин што кога компанијата ќе се обрати на било која од тие адреси, алатката дополнително помага да се одговори на прашањето на компанијата доколку бара партнери, т.е. дистрибитери за своите производи. Апликацијата овозможува пребарување по земји, по вид на производ и по тоа какви услуги даваат компаниите“, објаснува Марко Мандиќ, раководител на Центарот задолжен за активности на Коморскиот инвестициски форум ЗБ6 во Стопанската комора на Србија.

Втората услуга овозможува пристап до информации за пет избрани пазари во рамки на Европската унија (Австрија, Белгија, германија, Холандија и Шведска) со помош на алатката Euromonitor International/Passport која поставува нов стандард во анализа на глобалниот пазар. Нуди единствен пристап кон деловни податоци во врска со индустриите, земјите и потрошувачите, а исто така ги идентификува и идните трендови.

Во Босна и Херцеговина на пример, веќе постојат позитивни примери на компании на кои овие алатки им имаат помогнато во работата. „Иако е уште рано да се зборува за вистинските ефекти на новите услуги, почетниот интерес на компаниите е многу голем, а неколку од нив веќе имаат воспоставено контакти со дистрибутери од базата и очекуваат продолжување на соработката и конкретни договори. Забележан е посебен интерес на помалите компании за овие услуги во Босна и Херцеговина, кои сé уште немаат развиени мрежи на партнери во регионот и кои допрва планираат извоз или работење во регионот“, објасни Огненка Лаловиќ.

Двете наведени услуги се развиени и испробани во регионот на Западниот Балкан, во секторот на овошје и зеленчук, што е многу важен сектор за стопанството на сите шест земји. Услугите ќе бидат редовно ажурирани, а може да се креира и посебна верзија за сите други сектори кои се релевентни за поединечните економии на земјите во регионот.

Компаниите кои почнаа да ја користат Базата на податоци на дистрибутери и Euromonitor International/Passport се задоволни со квалитетот на услугите и позитивното влијание на овие деловни алатки на зголемувањето на нивниот извозен потенцијал.

Поврзани вести

Германија и Норвешка нарачаа 6 подморници од ThyssenKrupp

Влатко Зорба

Милионери протестираа пред куќата на Безос: „Сакаме повеќе даноци“!

Голем пораст на бројот на станици за полнење на е-возила во Германија до 2030 година

Влатко Зорба