СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Се раздвижува пазарот на таблети

Пазарот на таблети е во рецесија последниве години, но се појави неочекуван скок на почетокот на 2020-та. Епидемијата на коронавирус ја зголеми побарувачката за таблети во Кина и производителите не се во состојба да обезбедат доволен обем, се вели во анализата на „Digitimes“.

Многу канцелариски работници и студенти во Кина се принудени да работат од далечина заради епидемијата и таблетите стануваат погоден уред за нив. Платформите за електронска трговија сега се примарен начин за купување уреди, бидејќи многу класични продавници едноставно се затворени.

Побарувачката и недостатокот на таблети доведоа до повисоки цени за овие уреди во онлајн продавниците. На пример, iPad сега чини 100-200 јуани повеќе на онлајн платформите отколку во продавниците на Apple.

Извори во индустријата велат дека недостигот на таблети може да продолжи некое време. Но, покрај тоа, аналитичарите очекуваат пад на глобалните пратки со таблети во првиот квартал на 2020 година.

Поврзани вести

АСОМ: Согласно новите мерки за заштита од Ковид-19, нема да нудиме угостителски услуги во нашите објекти по 23 часот

msp-admin

Pay to stay – модел за економски спас

msp-admin

ЕУ планира да ја ограничи зависноста од доларот во ерата по Трамп

Влатко Зорба