СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Луѓето се оние кои се носители на продуктивноста, затоа е значајно да се инвестира во човечкиот капитал, но и во нови технологии кои ќе ја зголемат продуктивноста

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти.

Таа посочи дека, луѓето се оние кои се носители на продуктивноста, затоа е значајно да се инвестира во човечкиот капитал, но и во нови технологии кои ќе ја зголемат продуктивноста.

    Затоа буџетот за 2020 година е насочен кон инвестиции во човечкиот капитал, со над 60 отсто од расходната страна за здравството, образованието и социјалата како области. Она што можам да го истакнам во моментот со фискалната политика поддршката на приватниот сектор се спроведува со мерките кои ја стимулираат инвестициската активност на компаниите, нудат поддршка за зачувување на квалитетните кадри, но и делуваат на создавање на адекватни кадри на пазарот на труд. Така во годинешниот буџет за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите обезбедени се 2,4 милијарди денари, за мерките за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор 3 милијарди денари и за активните мерки за вработување 1,4 милијарди денари. Преку мерките за поддршка на инвестициите се поттикнува и набавка на нова технологија преку поврат на дел од вложените средства, на тој начин поттикнувајќи ги фирмите да ја заменат. Во однос на замена на застарената технологија постојат исто така можности, преку мерките за поддршка на економски раст, со кои се враќа дел од инвестицијата на компаниите направена во нови технологии – рече Ангеловска.

 Ангеловска вели дека за да приватниот сектор биде двигател на растот, државата за да биде ветер во грб, потребна е и ефикасна администрација.

  Само со дигитализација верувам дека e можна департизација и ефикасна администрација. Дигитални процеси, кои ќе го отстранат пристрасниот човечки фактор во носење на одлуки, безхартиена околина, организирани и јасни правила – единствено тоа мислам е решението и за справување со корупција, за зголемена продуктивност и подобра околина за водење бизнис, вели Ангеловска.

 Министеркатаа посочува дека растот за годинава е планиран на 3,8 проценти и дека тоа е реална проекција во линија со Народната банка. Проекцијата се базира на очекувањата за раст на бруто инвестициите од 8 отсто, раст на приватната потрошувачка како резултат на раст на вработеноста и платите и на извозот. 

Поврзани вести

Рекордна вредност на Биткоинтот, сè се смени преку ноќ

Берта Китинска

Бескаматна кредитна линија Ковид 3, нова помош за стопанството

Берта Китинска

Македонецот е лидер во регионот за потрошувачка на цигари по најниска цена

Влатко Зорба