СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Деспотовски: Инициравме креирање на регионален Фонд за иновации со кој ќе се искористи потенцијалот на регионалниот пазар

„Инициравме креирање на регионален Фонд за иновации со кој ќе се искористи потенцијалот на регионалниот пазар од 17 милиони луѓе, а не само на фрагментираните пазари. Ние имаме инвестициско портфолио од околу 65 милиони евра“.

Ова денеска го изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски кој на средбата со ресорните министри во Тирана, Албанија поднесе конкретен предлог за основање на регионален Фонд за иновации кој ќе има за цел да привлече поголем прилив на странски капитал и зголемена конкурентност на регионот.

– Над 340 компании веќе користат средства за иновации и технолошки развој. Сите овие бројки и резултати се препознаени и од меѓународните партнери. Целта е моделот што веќе функционира во Северна Македонија, кој, исто така постои и во Србија, да се подигне на едно повисоко ниво“, посочи Деспотовски.

Целта на регионалниот фонд е зајакнување на прекуграничната соработка и поттикнување на инвестиции во приватниот сектор и иновациите, како и отворање на нови можности за финансирање на бизнис проекти во регионот.

Исто така целта е да се отвори поголем пазар и можности за пристап до таленти, со што би се придонело и кон намалување на проблемот со одлив на мозоци.

Oва е прва иницијативата на Светскиот економски форум за земјите од Западен Балкан, што има за цел да се развие платформа – бизнис акцелератор кој ќе придонесе до придонесе за забрзување на иновациите и конкурентноста во регионот и поголема соработка на економски план.

Поврзани вести

Акциите на Stellantis „полетаа“ на првиот ден од тргувањето

Влатко Зорба

Лагард: Пандемијата длабоко ќе ја смени светската економија

msp-admin

Париз даде зелено светло за комерцијална имплементација на 5G во градот

Влатко Зорба