Јапонската компанија Sony го лансира својот прв 5G паметен телефон. Се работи за Xperia 1 II („Xperia One Mark Two“). Уредот има 6,5-инчен 4K OLED HDR дисплеј и 5G модем, пренесува CNBC.
HDR е технологијата која дава поголемо чувство за реализам на сликата што ја гледаме на екранот со тоа што ќе се приближи уште повеќе до она што го гледаме со свои очи. Ова се постигнува со зголемување на можноста за прикажување на бои и контраст. Xperia 1 II има подобрено аудио со опкружувачки 360 степени звук и предните стерео звучници.
Новиот паметен телефон на Sony доаѓа со тројна камера, од 12MP леќи на Zeiss. Секоја камера има слој против рефлексија. На задниот дел од телефонот е 3D-камера за подобро зумирање, додека на предната страна има 8MP селфи леќa.
Пред неколку недели, компанијата се откажа од учеството на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. Годишниот форум беше откажан заради епидемијата на коронавирус. Sony, во тоа време, изјави дека ќе ги лансираат своите нови 5G смартфони на крајот на февруари.