СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Колемишевски: Трговците ја користат паниката која владее кај народот

Во Македонија нема опасност од снабдување продукти кои изминативе денови граѓаните масовно ги купија од македонските маркети, а Државниот пазарен инспекторат ќе направи проверка дали трговците профитираат зголемувајќи ги цените на одредени продукти кои граѓаните ги бараат од страв, вели заменикот министер за економија, Кирил Колемишевски кој упати смирувачи пораки во однос на корона вирусот, при денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Не би рекол дека во наредниот период ќе има опасност од снабдување. Ми беше смешно купувањето како да ќе почне војна. Постои опаснсост од вирусот, читаме еден куп лажни вести кои трагаат по сензационализми, но им препорачувам на граѓаните да читаат вести од проверени извори како Светската здравствена организација или од Министерството за здравство, а ако не веруваат во овие институции, има други странски медиуми кои се релевантни и кои информираат врз база на докази и факти. А трговците секогаш работат за профит. И кога беше поплавата во Стајковци, одредени маркети за преку 300 посто ја покачија сумата на гумени чизми. Јас таквите трговци ги нарекувам воени профитери, тоа е крајно себично и некоректно. Ја користат паниката која владее кај народот без разлика како е дојдено до тоа. Хируршките маски кои се продаваат во аптеките не ни помагаат при овој вирус- вели меѓу другото Колемишевски.

Поврзани вести

Анѓушев: Во минатите две години се изградија 30-тина фабрики и се вработија 54.000 луѓе

msp-admin

Комора на сметководители: Итно да се преиспита одлуката да не се продолжат роковите за поднесување завршни сметки

Влатко Зорба

На едно семејство не му стигнуваат две минимални плати за „преживување“

Влатко Зорба