Денеска се одржа состанок на економскиот совет, ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, информираше премиерот Оливер Спасовски.
„Најважниот фокус на мерките треба да биде финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат и последиците по јавното здравје за да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор“, вели Спасовски.
Тој се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките на економскиот совет.
„Како Влада остануваме посветени кон прифаќањето и примената на најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација“, посочи тој.