СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем во справувањето со епидемијата предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2. Компанијата веќе набави еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов. Целата набавена опрема деновиве ќе биде испорачана на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Во време кога на глобално ниво е навистина тешко да се најде соодветна медицинска опрема, ние како компанија направивме напори да ги обезбедиме овие апарати во најкус можен рок. Борбата со вирусот не е обврска само на здравствените работници туку на сите чинители во општеството. Токму затоа, ОКТА како општествено одговорна компанија помогна директно на здравствениот сектор кој вложува огромни напори за справување со вирусот и за спасување на лицата заразени со COVID-19“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

ОКТА во целост ги почитува препораките на надлежните институции за превенција од ширење на корона вирусот и секојдневно го следи развојот на настаните, истовремено обезбедувајќи непрекинато снабдување со гориво на државата во овие моменти на криза.

Поврзани вести

ФИТР ќе ги објави резултатите од „Стартапувај 2″

Коронавирусот ги забрза промените, работниците приморани на преквалификација

msp-admin

Пред да се преселите во Германија, подготoвка по дома

msp-admin