Доларот зајакна во понеделникот во однос на кошницата на најголеми валути на меѓународните пазари и према ризичните валути во земјите во развој, бидејќи инвеститорите очекуваат период на неизвесност.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најголеми светски валути, беше во таква атмосфера во текот на попладнето плус 0,7 проценти во однос на затворањето во петокот, достигнувајќи 98.992 поени.
Поддршката за доларот, покрај статусот на безбедно пристаниште во неизвесни времиња, е обезбедена и од причини како што е балансирање на портфолиото на инвеститорите на крајот на месецот, како и нервозата за корона кризата, велат аналитичарите.
Девизниот курс на еврото се спушти за 0,6 проценти, на 1,1077 долари и фунтата за дури 1 процент, на 1.2318 долари. Доларот во однос на јенот остана практично непроменет на 108,02 јени.
На странските пазари, доларот во однос на кинескиот јуан се искачи за 0,3 проценти на 7,1082 јуани, откако кинеската централна банка неочекувано ја намали својата клучна каматна стапка на меѓубанкарското кредитирање.
Австралискиот долар во однос на американскиот се стабилизираше по нешто поголеми првични загуби, што претставува намалување од 0,3 проценти во однос на затворањето во петок.
Норвешката круна исто така беше во поголема загуба поради изложеноста на цените на нафтата на светските пазари. Рандот во Јужна Африка за кратко време потона до рекордно нски нивоа, водени од веста дека Агенцијата Мудис го намалила својот кредитен рејтинг во Јужна Африка.
Иако загриженоста за ширењето на коронавирусот и економските последици од нарушувањата на компаниите продолжуваат да преовладуваат на девизните пазари, движењата на валутите утрово беа помалку изразени отколку во изминатите денови.