СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Поддршка од 16 милиони евра ваучери, граѓаните ќе можат да ги искористат за домашните угостителски објекти

До септември годинава се очекува да биде подготвена новата дигитална платформа која ќе им помогне на домашните индустриски комапнии да освојуваат нови пазари.

За платформата преку Министерството за економија се планирани еден милион евра од третиот сет владини мерки.

Како што соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција во Владата, за утре е закажан состанок со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комори, на која ќе се дискутира за развој на платформата.

-Мора да помогнеме на нашите компании за време на оваа криза.Со цел да го заштитиме домашното прозиводство. Оваа криза заеднички да ја направиме нова можност за сите нас. Затоа е оваа поддршка од 16 милиони евра ваучери за граѓаните кои можат да ги искористат за домашните угостителски објекти, истакна Бектеши.

Поврзани вести

Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот, вкупните инвестиции долж Коридор 8 може да достигнат 2,5 милијарди евра

Влатко Зорба

Арена Спорт во понудата на Неотел

Влатко Зорба

Фајнанс тинк: Пад од 3,8 проценти на македонската економија годинава

Влатко Зорба