СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Секоја втора фирма во Србија вовела работа од дома

Фирмите во Србија на различен начин се прилагодуваа на кризата, предизвикана од коронавирусот, па така секоја втора организирала делумна работа од дома, додека 43% го намалија бројот на работни часови. Една третина од претприемачите почнаа разговори со доверителите за одложување на отплата на долговите, а една петтина од компаниите беше принудена да затвори дел од работата, соопштува Стопанската комора на Србија.

По големина, најзагрозени се претприемачите и микро фирмите, а скоро сите очекуваат пад на продажбата и профитот до крајот на годината. Нешто повеќе од една петтина од испитаниците, 21%, успеале брзо да го променат начинот на работа, што укажува на тоа дека фирмите подготвено да дочекале кризата.

Податоците покажуваат дека секоја трета компанија може делумно или целосно да го прилагоди своето работење преку интернет. Скоро сите средни и големи компании имаат интернет страници, додека бројот на фирми со онлајн продажба е во пораст, па секоја петта продажба на производите или услугите е преку електронска продавница.

Анкетата, исто така, покажува дека падот на активноста во секторите сообраќај, туризам и индустрија во голема мера влијае на работата на останатите фирми во нивниот ланец на снабдување.

Во оваа анкета, спроведена од 21-ви до 27-ми април, учествувале 1.000 компании од Србија.

Поврзани вести

Инстаграм нелегално чувал биометриски податоци на повеќе од 100 милиони корисници и тоа може скапо да ги чини?

msp-admin

msp-admin

Србија доби 62,5 милиони долари од Светска Банка за модернизација на железницата

Влатко Зорба