СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На 31 мај истекува рокот за Годишната даночна пријава

На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава. По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни.

– На 1.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани. Годишната даночна пријава која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Поврзани вести

Во Штип ќе се гради првиот Сити мол

Берта Китинска

НУК: Унифицирани препораки и протоколи за работа во услови на пандемија „да“, ограничување на работното време „не“

Влатко Зорба

Земјоделските работници најпогодени според изгубените работни места

Влатко Зорба