СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

„АТС Грoуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19 на Министерството за здравство, за потребите на јавниот здравствен систем во напорите за справување со вирусот Ковид 19. Тестовите за Ковид 19 ќе бидат распределени во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението. Заштитните маски се транспортираат од Народна Република Кина и во најскор рок ќе пристигнат во земјава.

„Борбата против ширењето на вирусот Ковид 19 може да ја добиеме само ако делуваме обединето. Ситуацијата е деликатна за сите нас, но искрено сметам дека секој може да помогне на некаков начин. Ние во „АТС Гроуп“ одлучивме во рамките на можностите да и помогнеме на нашата држава. Ќе продолжиме и понатаму да се трудиме да бидеме вистински партнер”, истакна Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Грoуп“.

Покрај донацијата, Демировски истакна дека и во време на глобална криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, компанијата работи со полн капацитет. Во компанијата работат 100 лица, а во тек е и конкурс за вработување на уште 50 ново вработени кои ќе бидат ангажирани во најскор рок.

Минатата година „АТС Гроуп“ инвестираше над три милиони евра во новата современа фабрика за производство на композитни производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и безбедност.

Поврзани вести

Просечната нето-плата во јуни 2020-та, повисока за 1.662 денари во однос на истиот месец лани

msp-admin

Колкава камата се плаќа на кредит од 300.000 денари?

msp-admin

Новинските компании во Европа го зголемуваат притисокот врз технолошките гиганти

Влатко Зорба