20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Димитриеска-Кочоска: Не ни е потребно зголемување на акциза која ќе ја продлабочи сиромаштијата

Дополнителниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска на својот Фејсбук профил сподели дека во овие тешки моменти, државата треба да најде начин максимално да му помогне на приватниот сектор.

„Го пропуштивме моментот за брза реакција и навремено обезбедување на пари, поради што месецот март воопшто не е ставен во мерките на владата. Ова е многу не фер кон оние кои беа принудени со мерки на влада да затворат уште во првата половина на март, а помош за нив нема. Да потсетам првата паника така се креираше, носите одлука за затворање на објекти ама не им нудите помош и алтернативи.

Покрај тоа што не е предвидено субвенционирање на месец март, останува и фактот дека фирмите со добивка на крајот на годината ќе треба да враќаат за добиената помош. Ова отвара нов проблем а тоа е дека дел од фирмите ќе направат се сметководствено да завршат со загуба. Следствено на тоа аконтациите на данокот на добивка во 2021 година ќе бидат помали, односно наместо денес да ставиме рез на проблемот ние ќе го продлабочуваме. Да не заборавиме меѓу нас има секакви, од одговорни и чесни до неодговорни и нечесни.

Воедно да разјасниме, ние сега се задолжуваме кај меѓународните финансиски институции, не добиваме финансиска поддршка (последниве два дена слушам финансиска поддршка). Тоа значи дека парите кои денес ни ги даваат ќе треба да ги вратиме сите заедно.

Токму поради ова, не ни е потребно зголемување на акциза која ќе ја продлабочи сиромаштијата, ни требаат брзи пари, максимална поодршка на приватниот сектор и кратење на непродуктивни трошоци. Не ни требаа сега трошоци за СЈО, трошоци за невладини организации и сл.

Да почнеме да ги гледаме работите на подолг рок. Кризата ќе помине ама од сиромаштија потешко се излегува. Убедена сум дека со домаќинско работење, одговорно и чесно може да има и помош за бизнисот и да не се наруши макроекономската стабилност“, пишува таа.

Поврзани вести

Девет членки на ЕУ до Европската комисија: Одредете рок за забрана за бензински и дизел возила

Влатко Зорба

ЕСМ ќе донира три милиони денари помош за Албанија

msp-admin

Норвешкиот фонд за стабилизација заработи 46 милијарди долари во првиот квартал

Влатко Зорба