СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: Се уште е рано да се зборува колку компании ќе се пријават за мерката минимална плата

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција рече дека се уште е рано да се зборува колку компании ќе се пријават за мерката од вториот економски пакет за минимална плата по вработен, бидејќи процесот на апликација се уште не е започнат.

Посочи дека компаниите за мерката минимална плата од 14.500 денари по вработен ќе можат да аплицираат во текот на следните недели до 5 минимална платамај за да ја добијат финансиската поддршка за да им се помогне за платите за месец април.

– За оваа мерка во моментов не можеме да разговараме за бројки, затоа што се уште не започнал процесот на апликација за да кажеме колку компании се пријавиле. Она што исто така е важно да бидеме прецизни и точни во комуникацијата, да не креираме нејаснотии и дилеми, рече таа.

Во врска со бескаматните кредити на Македонската развојна банка рече дека имало голем интерес за нив.

– Она што беше објавено дека првите компании кои што имаат одобрени бескаматни кредити во износ од 1,2 милиони евра се околу 130 компании. А бројот на апликанти е поголем и се обработуваат сите апликации што пристигнуваат до Македонската развојна банка и од таму се залагаат да бидат што побрзи во обработката на апликации за што поскоро ги стават на располагање средствата на компаниите. Се работи за првата линија од 5,7 милиони евра, што овозможува од 3.000 до 30.000 евра бескаматни кредити наменети првично за погодените индустрии – туризам, угостителство и транспорт, рече таа.

Појасни дека втората линија бескаматни кредити од осум милиони евра ќе биде многу скоро објавена и истата ќе се однесува на сите погодени, не само на овие дејности, и тоа ќе бидат исто така бескаматни кредити, и исто така со лесен начин на аплицирање и ќе бидат ставени на располагање од 3.000 до 90.000 евра.

Поврзани вести

ОКТА со нова донација на Клиниката за инфективни болести ја поддржа борбата против КОВИД-19

msp-admin

Кој го купи Сава центар за 17,5 милиони евра?

msp-admin

ССМ најавува тужби за работодавачите ако незаконски намалат плати