СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Започнува процесот на издавање на еврообврзница

Го започнуваме процесот на издавање на еврообврзница. Процесот може да трае од 45 до 60 дена што значи дека следењето на пазарите на капитал и евентуално стабилизација што се очекува да започне ќе ни овозможи да ги следиме условите и да видиме кога е најповолното време и износ со кој треба да се излезе на пазарот со еврообврзница, информира денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Не би оделе сега со конкретни бројки за износот на еврообврзницата бидејќи како што знаете будно ги следиме пазарите на капитал постојано информиравме дека го започнуваме процесот на издавање на еврообврзница, процесот може да трае од 45 до 60 дена што значи дека тоа следење на пазарите на капитал и евентуално стабилизиација што се очекува да започне и отворање на пазарите ќе ни овозможи да ги следиме условите и да видиме кога е најповолниот тајмниг и исто да видиме кој е најповолниот износ со кој треба да се излезе на пазарот со евробврзницата,вели таа.

Според Ангеловска, процесот на еврообврзница е започнат со цел да ги обезбедиме потрбените средства за да може да ја заштитиме, да ја амортизираме економијата и што поскоро да се опоравиме.

Поврзани вести

Лукаревска: Контроли на 60 фирми кои земале државна помош, а не исплатиле плати

Влатко Зорба

Заев: Стабилна е финансиската состојба во државата, а и земјата е совентна и финансиски ликвидна

Ангела Веселиновска

Како изгледаше тргувањето на берзата оваа недела?

Stefanija Kuzmanovska