СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Брилијантни резултати на Apple, дивидендата се зголеми

Apple, која ја засили својата позиција за време на епидемијата, заработи дури 23,6 милијарди долари во првиот квартал од оваа година, зголемувајќи го својот профит двојно.

Компанијата порано се снаоѓаше најдобро во последниот квартал, кога продажбата претежно скокaше пред Божиќните празници, но се чини дека сега Божиќ е секој месец, барем за Apple. Приходите, исто така, се зголемија неверојатно во првите три месеци од оваа година, за 54 проценти, на 89,6 милијарди долари.

Само преку продажбата на iPhone, Apple оствари приход од 48 милијарди долари или 66 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, а iPad, Mac и Apple Watch исто така се покажаа добро.

Акционерите се радуваат на уште поголеми дивиденди (0,22 УСД по акција секој квартал) и на најавите дека компанијата со седиште во Купертино ќе потроши уште 90 милијарди долари за да ги откупи сопствените акции, со помалку закани од регулаторите.

Европската комисија го обвини Apple дека ја користи својата App Store за да ги истисне другите провајдери на стриминг од пазарот.

Поврзани вести

Сопственикот на „Louis Vuitton“ е новиот најбогат човек на светот

Акциите на „Tesla“ скокнаа за 20%, Маск се збогати за 13,5 милијарди долари

msp-admin

Бројот на невработени во ЕУ е зголемен за скоро 2 милиони за една година

Влатко Зорба