СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кои професии носат најголем ризик од инфекција со коронавирус? (инфографик)

Во економија како САД, само 29% од вработените можат да си дозволат да работат од дома, според анализата на Visualcapitalist. И додека некои работници и онака ги загубија своите позиции, виталните индустрии продолжуваат да работат.

Затоа од Occupational Information Network објавија анализа за најранливите работни места за инфекција со коронавирус во земјата.

Нивната методологија вклучува три критериуми: степен на контакт со други, физичка близина со нив и изложеност на болести и инфекции.

Од листата се извадени професиите, што остваруваат приход од помалку од 20,000 американски долари годишно.

Пример за работа со низок ризик се смета економист, возачите на градски превоз се изложени на среден ризик, а заболекарите се изложени на голем ризик со 99,7 поени од 100.

На втората позиција се анестезиолози, вентилатори, проследени со стоматолози и медицински персонал, кој се грижат за пациентите.

Еве го целосниот распоред дизајниран од Visualcapitalist:

Поврзани вести

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира новооснованите компании од Ин Група

Премиерот Заев во посета на „Свислион“: Ова е една од многуте успешни економски приказни

Ангела Веселиновска

ССМ: По прогласување на вонредна состојба, работниците имаат право на платен одмор