СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Состанок на премиерот Заев и Светска банка: Мерките ги ублажија негативните ефекти од кризата

На денешниот состанок помеѓу Светска банка и премиерот Зоран Заев  беше нотирано дека владините мерки ги ублажуваат негативните ефекти. 

„Владата е посветена во справување со предизвиците на краток рок, како и обезбедување на услови за побрзо економско опоравување на среден и долг рок. Соработката со Светска банка како стратешки партнер, кој обезбедува голема поддршка е од огромно значење за Северна Македонија.

На состанокот со Светска банка беше нотирано дека владините мерки ги ублажија негативните ефекти од кризата и дека заедничката соработка во однос на предлог-мерките согласно светските искуства и преземената акција, особено во делот на субвенционирање на платите, резултираа со зачувување на работните места во микро, малите и средните претпријатија.

Како особено важни за унапредување ги издвоивме подобрувањето на конкурентноста и продуктивноста на домашните компании, одржливите инвестиции во образованието и човечкиот капитал, поттикнување на иновативноста за отворање на нови работни места и инвестиции“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Поврзани вести

Македонија одвојува 1,1 милиони евра за нови линии

Влатко Зорба

Деспотовски: Сакаме инвеститорите да ги реализираат своите планови и тоа да го направат побрзо и подинамично (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Бесими – Бјерде: Заздравување на економскиот раст преку „План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст“

Влатко Зорба