СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Една од најатрактивните туристички дестинации ги ублажува мерките

Станува збор за ублажување на неколку ограничувања за патувања поврзани со Ковид 19, почнувајќи од следниот месец, како дел од фазата 3 на планот за подготвеност и обновување на туризмот, рече министерот за туризам на Бахамите, Дионисио Д’Агуилар.

Од 15 октомври, пристапот до плажите ќе биде дозволен на сите острови. Хотелите и одморалиштата се очекува повторно да се отворат, а ќе бидат дозволени и услуги со такси превоз по вода, како и авионски патувања меѓу островите. Исто така, ќе бидат дозволени социјални собири на најмногу 10 лица.

Се очекуваат строги хигиенски и безбедносни протоколи, вклучително и парична казна за неносење маска на јавно место.

Атракции, екскурзии и тури се планира да се дозволат повторно од 1 ноември. Меѓутоа, казина, спортски сали, кина, фестивали не се очекува да се отворат до фазата 4 од планот за туризам, рече Д’Агуилар.

Датумите на ублажување на овие ограничувачки мерки зависат од успехот на фазата 3.

Посетителите на Бахамите сè уште мора да се придржуваат до задолжителниот протокол при одмор, кој вклучува 14 дена карантин при пристигнување, како и негативен тест за Ковид 19, направен не подоцна од 5 дена пред пристигнувањето, како и одобрена здравствена виза достапна на travel.gov.bs.

Поврзани вести

УЈП ја заокружи исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава

ИКТ Комора на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Германија: Намалување на ДДВ од 1 јули

Stefanija Kuzmanovska