СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

КРИПТОВАЛУТИТЕ ПОВТОРНО РАСТАТ: Цената на Биткоин оди на максимум!

Биткоин се покажа добро во претходните денови, достигнувајќи 7.800 американски долари на 23 април. Ова ги убеди аналитичарите дека пред валутата е уште еден добар период, бидејќи, како што тврдат, историјата се повторува.

Ситуацијата потсетува на онaa во февруари 2019 година, што го означи почетокот на порастот, откако Биткоин се искачи од три на 14.000 долари за само пет месеци. Затоа, заинтересираните страни се охрабруваат да купат криптовалути, врз основа на фактот дека ситуацијата во април 2020 година потсетува на февруари минатата година.

Ако историјата навистина се повтори, се очекува Биткоин да направи напредок во наредните два месеци, а тоа е поткрепено со бројни оптимистички прогнози.

Сепак, ситуацијата не е едноставна, па затоа се посочува дека подемот на Биткоин би можел да биде под влијание на сегашната нестабилност на светската економија и падот на вредностите на берзата.

Поврзани вести

Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, вели премиерот

Влатко Зорба

Угостителите ќе ги презентираат своите ставови за ублажување од кризата

Берта Китинска

Битиќи: Економијата мора да расте, а секој еден денар задолжување треба да се вложи

Влатко Зорба