СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Петров: Владата ја користи кризата за транформација на економијата

„Можам да гарантирам дека е дадено максимално од наша страна, сите пари што ги земаме на заем се за финансирање на овие мерки. Оваа Влада ја користи кризата за трансформација на економијата. Вредноста на пакетите е една милијарда евра, секој пакет има по стотици милиони. Некои од мерките се директно од буџетот, некои предизвикуваат буџетски импликации. Направивме ослободување на кредитна линија, воведовме царинска гаранција од три милиони евра, намалување на царински давачки, ставање во мирување на Законот за извршување, ослободување од ДДВ за донации, намалување на ДДВ во угостителски услуги. Со буџетски средства, само Ковид 1 имаше седум милиони евра, имавме 80 милиони евра за поддршка на плати, а беа опфатени преку 46 000 вработени. Субвенционирање на придонеси април мај и јуни, 26 милиони евра имаше за купувам домашно, финансиска помоша за конкуретност, за социјални ранливи 24 милиони евра, за берачите на грозје седум милиони евра, 1,3 милиони евра за туристичките агенции. Иако ова се бројки, сепак 120 000 работници се помогнати, со Ковид 1 се опфатени 737 компании, со Ковид 2 – 639 компании, со Ковид 3 имаме 1 100 апликации“- изјави Коста Петров во Анлиза 24 на ТВ 24.

Го потенцираше новиот, петти по ред пакет со економски мерки.

„Овие мерки од петиот пакет ќе знчат рестартирање на економијата. Ние испорачавме четири пакети и треба да се види ефектот, тој е очигледен, факт е дека живееме во светска криза, поголеми економии од нас имаат поголема криза. Но, ние даваме се од себе, од март до денес имаме пет пакети економски мерки, има разлика во кварталите ако го следите напредокот. Она што е важно, ние промовираме инклузивен процес, не се будиме и велиме ова ќе правиме сега, туку консулатации правиме постојано, примаме сугестии, отвораме дебата и така имаме нов пакет. Никој не може да даде точна проценка како ќе изгледа економијата утре, но во сорбаотка со коморите, експертите, синдикатите, ќе биде оваа година на подобрување. Во финална фаза е петиот пакет, една мерка е најавена, а ќе се соопшти целиот пакет, ќе зачуваат работни места и ќе овозможи нови работни места.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во Анализа 24 на ТВ 24.

Поврзани вести

Лозарите за предадено грозје во „Повардарие“ и „Стефани“ ќе добијат пари по Нова година

Влатко Зорба

Бесими: Со фискалната консолидација се оди кон постепено намалување на буџетскиот дефицит

Влатко Зорба

Допис од штедачи: Еуростандард е заложник на стечајната судијка Ирена Петрушевска

Влатко Зорба