СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ООН: Половина од светската работна сила пред загуба на работното место

Околу 1,6 милијарди луѓе во неформалниот сектор, шт е скоро половина од вкупната работна сила, се изложени на ризик од губење на приходот како резултат на пандемијата на коронавирусот, според Меѓународната организација на трудот.

Тоа е скоро четири петини (76%) од вкупно две милијарди луѓе во неформалниот сектор и близу половина од вкупната работна сила, од 3,3 милијарди луѓе ширум светот, според „Бизнисфифо“, повикувајќи се на извештај на агенцијата на Обединетите нации.

Неформалната економија се однесува на работни места кои обично имаат мала заштита, како што се приходи во случај на болест или отпуштање од работа.

Агенцијата за труд на ООН проценува дека луѓето во неформалниот сектор доживеале пад на приходите од 60 проценти во првиот месец од кризата со коронавирусот.

Работа во сектори со висок ризик

Проценето е дека оние кои се на неформална работа во Африка и САД забележале најголем пад, од 81 процент.

Луѓето од оваа група се со најголем ризик да ги загубат своите приходи затоа што овие работници работат во сектори со висок ризик, како што се трговија на мало и храна, кои се засегнати од коронавирусот.

Меѓународната организација на трудот исто така соопшти дека има повеќе такви работници во земјите во развој.

Се проценува дека близу 1,1 милијарди работници во неформалната економија до 22 април живееле во земји кои биле под строги ограничувања, додека уште 304 милиони работници имало во земји кои биле делумно затворени.

Мерките за забрана на работа беа спроведени од страна на владите ширум светот во обид да се спречи ширењето на Ковид-19.

Поврзани вести

До 31 март ќе биде продолжен рокот за откупот на тутунот

Влатко Зорба

Собранието ќе расправа за ребалансот на Буџетот

Берта Китинска

Поднесена иницијатива до Уставен суд од Хари Костов и акционери на Комерцијална за дивидендите

Влатко Зорба