СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Парадокс во Франција: Мерките за корона ја намалија стапката на невработеност

Стапката на невработеност во Франција падна на најниско ниво во последниве 11-години во првиот квартал, затоа што невработените лица не можеа да бараат работа откако владата воведе мерки за ограничување на движењето заради епидемијата од коронавирусот, објави денеска статистичката канцеларија INSEE.

Според статистичките податоци, стапката на невработеност падна во првите три месеци на 7,8 проценти во однос на 8,1 процент во четвртиот квартал од 2019 година, што е најниско ниво од крајот на 2008 година, пренесува Ројтерс.

Вонредната состојба, која беше воведена во Франција на 17 март, влијаеше на падот на бројот на луѓе кои се класифицирани како невработени во евиденцијата на агенциите за вработување, бидејќи тие беа спречени да бараат работа, се вели во соопштението на INSEE.

Според дефиницијата на Меѓународната организација на труд, во категоријата невработени спаѓаат лица кои не работат, но се достапни за работа и активно бараат работа, што беше речиси невозможно во многу професии во Франција во последните две недели од март, како резултат на мерките за затворање на земјата.

Во периодот пред затворањето, стапката на невработеност беше 8,2 проценти, објави INSEE.

Во обид да спречи бран постојани отпуштања, владата во Париз одлучи да им плати на компаниите обештетување во висина од 70 проценти од бруто-платата за вработените кои се на принуден одмор.

Од вчера, државата ги субвенционираше платите на 12,4 милиони луѓе, што е скоро две третини од работната сила во приватниот сектор, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Во Франција, ограничувањата за движење беа укинати во понеделникот.

Поврзани вести

Работодавачи: Не постои начин на кој помошта во плати може директно да се уплати на сметка на работниците

Влатко Зорба

Економскиот совет го разгледа дополнителниот пакет мерки за справување со економските последици

Што ќе содржи петтиот сет економски мерки на Владата?

Влатко Зорба