СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пола милијарда евра за помош на австриските угостители

Денес австрискиот канцелар Себастијан Курц претстави пакет државна помош вредна половина милијарда евра на австриските угостители, кои можат повторно да работат од 15 мај.

На прес-конференцијата Курц потсети дека нивото на новозаразените лица сè уште е на исклучително ниско ниво и дека има неколку провинции во кои нема повеќе нови случаи на коронавирус.

„Ние сме на добар пат и врз основа на тој развој, ние ја креваме економијата, за да можеме да се вратиме во нормала побрзо од другите“, истакна Курц.

Тој рече дека е среќен што, како што беше планирано, гастрономијата ќе може повторно да работи, додавајќи дека тоа е дел од австрискиот идентитет. Според него, сегашната криза особено влијае на угостителството и туризмот, така што владата е свесна за својата одговорност и сака да помогне. Тој потсети дека угостителите, во текот на неделите кога не можеа да работат, ја искористија можноста за намалено работно време за вработените и дека за тој период државата ќе преземе над 75% од нивните фиксни трошоци.

Сепак, со отворањето, како што вели, кризата не поминала, затоа што се знае дека потрошувачката не се враќа веднаш на претходното ниво. Затоа, договорен е пакет мерки за помош, кои треба да ја охрабрат потрошувачката и истовремено да ги релаксира даночно угостителите. Министерката за туризам Елизабет Кестингер изјави дека е планирано намалување на ДДВ на безалкохолни пијалоци од 20 на 10 проценти. Според неа, намалувањето на данокот на алкохолни пијалоци не е можно заради ЕУ.

Таа ги повика угостителите да не ги менуваат цените и додаде дека треба да профитираат од намалувањето на даноците. Планирана е и специјална помош за руралните угостителски објекти, за да не се затворат.

Исто така, беше усвоено укинување на данокот на „пенливи“ вина, за кои досега се наплаќаше едно евро за литар.

Со цел да се охрабрат посетите на угостителските објекти, донесена е мерка дека за деловните ручеци во поголеми износи можат да се отпишат даноци.

Поврзани вести

Добија милијарди евра помош, а сега не знааат како да ги потрошат

Stefanija Kuzmanovska

Тодевски: Прибрана и заштитена севкупната опрема и мебел што се дел од имотот на Еуростандард

Берта Китинска

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места (ВИДЕО)