СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сугаревски: Царинската управа оствари за 5% повисоки наплатени приходи во однос на истиот период лани

За пет месеци Царинската управа наплатила приходи поголеми за безмалку 20 отсто од истиот период лани, објави Горан Сугаревски, директор на Царинската управа.

-Од почетокот на 2021 заклучно со 31.05.2021 Царинската управа вкупно наплати приходи при увоз и внатрешен промет во износ од 36.769,57 милиони денари или 597,9 милиони евра. Наплатените приходи се поголеми за 5.980,15 милиони денари или 19,42% во однос на истиот период во 2020 година кога биле наплатени 30.789,42 милиони денари или 500,6 милиони евра.Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 1.768,73 милиони денари или 5% и во однос на истиот период во 2019 година кога биле наплатени 35.000,84 милиони денари или 569 милиони евра. Само за месец мај, споредено со мај 2020 година вкупно за сите приходи за кои е надлежна Царинската управа бележиме зголемување од 1.801,64 милиони денари или 32,4%, информираше Сугаревски.

Поврзани вести

С. Македонија на врвот во регионот по раст на обновливи извори на енергија

Влатко Зорба

Фолксваген продолжува со производство во Германија и Словачка

„Пошта“ достави писмо до банките за деловна соработка

Александар Петровски