СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск: Ја отворам фабриката, нека ме уапсат

Производителот на електрични автомобили, Tesla ја отвори својата фабрика во Калифорнија и покрај забраната за работа која е на сила во оваа американска држава.

Директорот на компанијата, Илон Маск нареди во понеделникот рестартирање на погоните, а на својот Twitter профил објави дека и сам ќе се врати на работа во фабриката. Исто така наведува дека ако некој треба да биде уапсен, тоа да биде тој.

Маск претходно изјави дека фабриката и седиштето на компанијата ќе ги премести од Калифорнија, доколку властите не дозволат отворање поради рестрикциите од пандемијата.

Иако Калифорнија ги попушти забраните воведени за време на епидемијата, но окрузите автономно спроведуваат одлуки. Во округот Аламеда покрај Сан Франциско каде е неговата фабрика сè уште важи забраната за отворање на фабриките.

Претходно, Маск ја обвини државата за користење “фашистички“ методи и се закани дека ќе го префрли седиштето на компанијата во Тексас.

Поврзани вести

Huawei планира да произведува електрични автомобили

Влатко Зорба

Пазарната вредност на Tesla падна 244 милијарди долари за еден месец

Влатко Зорба

Маск веќе размислува на кого да ги подари парите

Влатко Зорба