СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој е планот на една од најпогодените земји во Европа: Во која насока оди новиот долг?

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска треба да претстави нацрт план за опоравување на Италија, изјавија вчера три извори од италијанската влада.

Земјата планира да потроши повеќе од 220 милијарди евра од Европската унија и националните фондови за заживување на економијата погодена од коронавирусот, се наведува во нацртот во кој Ројтерс имал увид.

Нацртот, кој сè уште е на преговори во владејачката коалиција, вклучува десетици проекти поврзани со еколошката транзиција, дигитализацијата, инфраструктурата, образованието и истражувањето, социјалното вклучување и здравството.

Еден од главните проекти, вреден повеќе од 10 милијарди евра, има за цел зградите да бидат поефикасни и отпорни на земјотреси. Повеќе од шест милијарди евра се наменети за широкопојасен интернет, 5G и сателитските технологии.

Рим има право на грантови и евтини заеми од 191,5 милијарди евра од таканаречениот Европски фонд за закрепнување и издржливост (RRF), што е клучна компонента на програмата за итни случаи дизајнирана да им помогне на земјите од ЕУ кои се најпогодени од пандемијата.

Италијанската влада планира да позајми дополнителни 30 милијарди евра на вкупно 221,5 милијарди евра, кои ќе ги инвестира етапно до 2026 година.

Поврзани вести

Зошто 5G може да им помогне на производителите да излезат од Ковид-кризата

Влатко Зорба

MediaTek прави амбициозни планови за 5G пазарот

msp-admin

ГТЦ со загуба од скоро 35 милиони денари

msp-admin