СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Скратено работно време: спорно, привремено решение

Скратеното работно време беше спас за претприемачите и работниците за време на краткиот, но остар економски шок поради пандемијата на коронавирус. Но, ако деловните активности во Германија не се обноват, зголемувањето на невработеноста е неизбежнo, објави „Дојче веле“.

Дури половина од германските компании имаат регистрирано одреден број на свои работници, а некои и сите вработени за владината програма за помош со скратено работно време, пресмета оваа недела минхенскиот Институт за економски истражувања „Ифо“. Наместо да го намалат бројот на вработените, германските компании имаа можност да го скратат работното време, па затоа, кога повторно ќе се појави работа, тие ќе имаат подготвена работна сила.

Вонредни околности

Но за време на сегашната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус, дури 370.000 компании аплицираа за државни субвенции. Тоа потенцијално стави дури десет милиони работници – четвртина од работната сила – на „Курцарбејт“, државна програма што им дозволува на компаниите да ги задржат работниците со скратено работно време, така што државата великодушно им отплаќа дури 60 проценти од нивните плати. Меѓутоа, невидената побарувачка за државни субвенции и проектираниот рекорден пад на бруто-домашниот производ (БДП) од 6,6 проценти оваа година ги вознемири и политичарите и економистите. Тие стравуваат дека на економијата ќе ѝ требаат неколку години за да се врати на нивото пред коронавирусот. Тие исто така сметаат дека подлабока рецесија би принудила десетици илјади компании да прогласат банкрот и уште многу други да го намалат обемот на работа.

Структурни промени на повидок

„Скратено работно време не влијае на неопходните структурни промени во економијата“, рече Ларс Фелд, претседател на германскиот совет за економски експерти, за „ДВ“.

Тој предупредува дека, доколку падот продолжи, субвенциите скратено работно време ќе овозможат да преживеат неекономични или, како што вели, „зомби-компаниите“.

Колку подолго трае „Курцарбејт“, под толку поголем притисок ќе биде германската влада за зголемување на износот што го добиваат работниците како компензација за изгубениот приход. Целта на политичарите е на прво место да им помогнат на работниците со ниски плати, но малку е веројатно дека оваа мерка ќе ја зголеми потрошувачката сè додека траат мерките за физичко дистанцирање.

Дали работниците воопшто ќе сакаат да се вратат на работа?

Министрите веќе одобрија зголемување на уделот на бенефиции со скратено работно време од 60 на 70 проценти од платите, но ова е дополнително загрижувачко, бидејќи се смета дека некои работници нема да сакаат да се вратат на работа со полно работно време дури и кога ќе се опорави економијата. На пример, од САД може да се види дека некои работници кои досега работеле на минимална плата, сега бараат начин да останат на државна помош, бидејќи таа е повисока од нивните досегашни плати.

Мориц Кун, професор по економија на Универзитетот во Бон, е скептичен кога станува збор за програмата на владата за помош за работници со скратено работно време и не е сигурен дека тоа може да спаси доволен број работници од евентуално отпуштање од работа.

Поврзани вести

Филиповска-Грашкоска: Инспекциските служби бележат намалување на бројот казни во угостителските објекти

Берта Китинска

Изгласани законски измени: Овој викенд ќе имаме “Викенд без ДДВ”

Берта Китинска

Кои професии носат најголем ризик од инфекција со коронавирус? (инфографик)

Stefanija Kuzmanovska