СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Која професија ќе биде најбарана по пандемијата

Програмерите ќе бидат најбарани работници на пазарот на труд во наредните неколку децении.

Тоа го изјави директорот за дистрибуција на технологија во Yandex, Григориј Бакунов, за порталот Gazeta.ru.

„Тоа може да се нарече професија на иднината. Токму овие експерти ќе го придвижат човештвото напред“, изјави тој.

Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени поради масовното преминување на луѓето на работа од далечина за време на епидемијата од коронавирусот.

„Пандемијата покажа дека програмерите можат да работат и од далечина. Па така и луѓето кои живеат во помали градови имаат повеќе шанса да работат во сериозни компании,“ истакна експертот.

Поврзани вести

Меркел: Германија е решена да го заврши „Северен тек 2“ и покрај американскиот притисок

Stefanija Kuzmanovska

Оштетени штедачи: Дали обична меница може да биде единствено покритие за кредит од 660 илјади евра?

Влатко Зорба

Владата одобри финансиска поддршка за инвестициите на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра