СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Извозот на овој производ лани „тежеше“ 720,5 милијарди долари

Извозот на електронски компоненти минатата година достигна 720,5 милијарди долари. Над 18% од вкупниот извоз отпаѓа на Хонг Конг, којшто лани од извоз на електронски компоненти инкасираше 134,5 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници се и: Кина (102,2 милијарди долари), Тајван (100 милијарди долари), Јужна Кореја (79 милијарди долари) и Сингапур (76,9 милијарди долари).

Бугарија е најголем извозник на електронски компоненти од земјите во регионот, со 251,7 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (25 милиони долари), Грција (17,8 милиони долари), Хрватска (14 милиони долари), Србија (7,9 милиони долари) и Босна и Херцеговина (1,6 милиони долари).

Македонија е 103-та во светски рамки со извоз на електронски компоненти од 231.000 долари.

Поврзани вести

Вработените во фирмите задолжени за чистење на државните институции остана без К-15

msp-admin

СОБ против кратење на платите во МО, ЦУК и ДЗС

Stefanija Kuzmanovska

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст