СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП, МОН, ФЗО ќе изработат листи на сите граѓани кои ќе добијат платежни картички

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, информираат од Влада.

Соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.

Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат.

Наскоро на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач.

Поврзани вести

Бугарската „Соларпро“ ќе гради голем соларен парк во С. Македонија

Влатко Зорба

Четвртиот сет на економски мерки ќе стапи на сила штом се оформи владата, најави Спасовски

Берта Китинска

Арсовски: Стојам на ставот дека се работи за неразвоен буџет кој треба да купи социјален мир