СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Стоп за родовиот јаз при исплатата на платите

Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз при исплата на платите, а преку почитување на колективните договори може да се дојде до поефикасно решение за надминување на таквата разлика, смета Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Оттаму велат дека јазот на платите според род не е во согласност со Конвенцијата С-100 на МОТ за еднакви плаќања, како и со Уставот и законите за работни односи, за антидискриминација и за еднакви можности на мажите и жените.

– Жените се порамномерно распоредени, но забележителна е малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени, наведува ССМ во денешното соопштение.

Една од причините за таквата состојба, според ССМ, е ниската стапка на синдикално организирање кај женскиот дел од популацијата, нешто што, како што посочуваат, мора да се промени во наредниот период.

Поврзани вести

Коронавирусот ја зголемува цената на златото

Stefanija Kuzmanovska

Кабинет на Битиќи: Недела неработен ден е реалност, моделот на имплементација треба да ги заштити сите чинители во општеството

Влатко Зорба

АЕТМ: Продолжувањето на интернет игрите на среќа е важно за Буџетот, но и за развојот на е-трговијата

Ангела Веселиновска