СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Кога дојдовме 2017 субвенциите беа околу 90 милиони што се исплаќаа, стигнавме до 135 милиони евра

Мандатарот Зоран Заев во продолжението на попладневниот дел на расправата рече дека субвенциите во земјоделството се зголемиле со оваа власт.

-Кога дојдовме 2017 беа околу 90 милини што се исплаќаа, стигнавме до 135 милиони. Ги намаливме од некои 4-5 милиони како што имаше правни субјекти, најмногу 300 илјади евра на правните субјекти заради тоа што имаат поголема продуктивност за разлика од индивидуалните. Ги алоциравме веднаш на индивидуалните земјоделци. Сега токму тие пари во најголем дел доаѓаат кај вистинските земјоделци индивидуалните се со конечна цел да ги мотивираме да го окрупнат земјоделското земјиште, да ја намалат трошоците, да ја зголемат продуктивноста, рече Заев, одговараќи на забелешките на пратеникот Панчо Минов, дека откупната цена на грозјето е многу ниска и оти треба секогаш да се слушаат лозарите.

Потсети дека се ставени под концесии стотици хектари на вистински земјоделци со бизнис планови кои стартуваа и веќе работат по групи до три хектари, над три хектари, се градат акумулациите и системите за наводнување Коњско, Речани во Кочани, Вардарска Долина и многу други.

Во однос на зелената нафта, потсети дека почнале со 30 отсто, сега е 50 отсто и изрази уверување дека слледниот период ќе биде до 100 проценти, а тоа, како што рече, ќе значи дека земјоделците нема да ја плаќаат нафтата што ќе ја користат.

-Оваа сезона влегуваме со рефлексии исто така од корона кризата. Триесет милиони килограми повеќе има во визбите вино, односно 30 милиони литри има повеќе вино, а тоа се некаде над 40 можеби милиони килограми грозје и разработивме две идеи што следната недела верувам дека ќе ги утврдиме како влада, а тоа е подготвеноста да ги убедиме визбите да ја покачат до максимум откупната цена која што ја стартуваа од 4, од 5, од 6, од 7 денари зависно дали е за „смедеревката“ или за „вранецот“ и се потрудивме да ја постигнеме најмалку ланската откупна цена која што беше 15 денари со 13 денари. Оваа година откупната цена на партнерски основ, со разговор со визбите го потврдија тоа сите визби ќе биде 11 со 9, каде што владата ќе интервенира со четири денари директно за да можеме да постигнеме 13 со 15 денари. Два и пол милиони евра од веќе предвидените во буџет уште во мај месец ќе одат директно со двата денари за субвенција, а останатите 2,5 милиони евра ќе одат за поддршка на транспортните трошоци за извоз на наливното вино и на флашираното вино, со конечна цел овие вишок количини да ги испразниме час поскоро и така верувам дека ќе одржиме стабилни цени да се откупи целото грозје и да се постигнат најмалку откупните цени од лани, рече Заев.

Поврзани вести

Апостолска: Зголемените производствени капацитети се потврда за стабилно економско опкружување

msp-admin

ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со Стандард за спречување на корупција

Влатко Зорба

Најголемата дебата на Вол Стрит во моментов: Купување биткоин наместо злато

Берта Китинска