СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Извозот на оваа земја лани надмина 2.499 илјади милијарди долари

Кина минатата година извезе производи ширум светот во вредност од 2.499 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем дел од тој износ или 671 милијарда долари доаѓаат од извоз на електрични машини и опрема. Втор најголем извозен адут на Кина е извозот на компјутери и друг вид на таква опрема со 417 милијарди долари. Меѓу петте најмногу извезувани производи се и: мебел (99,5 милијарди долари), пластика и пластични предмети (84,4 милијарди долари) и возила (74,4 милијарди долари).

Кога се работи за земјите во коишто “завршуваат“ најголем дел од производите што Кина ги извезува се: САД (418,6 милијарди долари), Хонг Конг (279,6 милијарди долари), Јапонија (143,2 милијарди долари), Јужна Кореја (111 милијарди долари) и Виетнам (98 милијарди долари).

Поврзани вести

Заев од Росоман: Уште повеќе ќе ги поддржуваме домашните компании, ќе издвоиме 600 милиони евра до 2024 година

Дали мерките за надминување на економската криза на СДСМ се оправдан потег?

Влатко Зорба

1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки

Берта Китинска