Земјите во светот лани увезле мед од нешто над две милијарди долари, што е за 12% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Најголеми меѓу увозниците во светот лани беа САД со увозен мед од 430 милиони долари. Меѓу петте најголеми увозници беа и: Германија (269,6 милиони долари), Јапонија (144,5 милиони долари), Франција (118,4 милиони долари) и Велика Британија (110 милиони долари).
Нашата земја минатата година увезла мед во висина од 698.000 долари, а извозот беше на ниво од околу пола милион долари.
Најголем увозник на мед во регионот е Грција со 17,9 милион долари. Следни се: Бугарија (4,2 милиони долари), Словенија (4,1 милион долари), Хрватска (3,3 милиони долари), Босна и Херцеговина (1,4 милиони долари) и Црна Гора (968.000 долари).