СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Над 69,9 милиони долари лани сме потрошиле на увоз на мобилни телефони

Во текот на минатата година, во земјава се увезени мобилни телефони во вредност од 69.930.000 долари или 3,1% повеќе во споредба со 2018 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека увозот на мобилни телефони лани беше на ниво од 282,3 милијарди долари или 9,2% помалку во однос на 2018 година.

САД се најголем увозник на мобилни телефони во светот со 19,4% или 54,7 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на мобилни телефони во светот лани беа и: Хонгконг (37 милијарди долари), Јапонија (15,4 милијарди долари), Холандија (15,3 милијарди долари) и Германија (11,5 милијарди долари).

Од регионот, најголем увозник е Грција со 482,3 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (480,5 милиони долари), Словенија (320,9 милиони долари), Хрватска (309,5 милиони долари), Србија (297,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (77,4 милиони долари).

Поврзани вести

Профитот на банките намален за 751 милион денари во првиот квартал

msp-admin

Франција најавува историски план од осум милијарди евра за автоиндустријата

msp-admin

ЕУ го казни „Мудис“ со 3,7 милиони евра за неоткривање судир на интереси

Влатко Зорба